Quantcast
Channel: IT.com.mk »дигитална агенда
Viewing all articles
Browse latest Browse all 10

На Македонците им е потребен интернет од 30 Mbps, вели АЕК; ние бараме побрз!

$
0
0

Агенцијата за електронски комуникации воведе нов правилник со кој се гарантира дека до 2020-та година сите корисници во земјата да имаат интернет пристап со поголема брзина од 30 мегабити во секунда. Сега само 3,61 отсто од граѓаните имаат интернет побрз од 30 мегабити, а проектирано е до 2016-та година тој процент да се зголеми на 30 отсто, пренесува Нова Македонија.

Планот на АЕК наликува на целите поставени со Дигиталната Агенда на ЕУ, во кое е зацртано да се оствари минималната брзина од 30-те мегабити за сите Европејци во рок од шест години. За почеток ќе треба да се сменат каблите од бакарни во оптички кои ќе бидат поставена под земја, како што се вели во правилникот. Операторите и Министерството за транспорт се согласиле да го испочитуваат проектот и да ја направат транзицијата.

„Моментната пенетрација на брз Интернет преку оптички мрежи, за нас, како Агенција за електронски комуникации, е незадоволителна. Затоа, заедно со операторите на електронски комуникациски услуги, покрај овој правилник, работиме на низа мерки и подобрувања во регулативата што ќе поттикнат поголеми инвестиции во изградба на мрежи за обезбедување пренос со големи брзини и миграција на интернет-корисниците кон овие мрежи“, вели директорот на АЕК, Роберт Орданоски.

Секако 30-те мегабити во секунда ќе бидат минумумот, но за шест години технологијата можеби ќе бара нешто многу, многу побрзо. Целта би требало да биде поблиску до 100 мегабити во секунда, не за да симнеме филм за неколку секунди, наместо минути, туку да се овозможи инфраструктура за Full HD видео сервиси кои ќе нудат високо-квалитетна содржина преку сите уреди. А за тоа да функционира перфектно кај стотици илади корисници, треба супер брз интернет, и тоа не по денешни станарди, туку по идните од 2020-та година.

The post На Македонците им е потребен интернет од 30 Mbps, вели АЕК; ние бараме побрз! appeared first on IT.com.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 10

Latest Images

МУРТИ И КУРТИ

МУРТИ И КУРТИ

Trending Articles





Latest Images

МУРТИ И КУРТИ

МУРТИ И КУРТИ